• недела, 28 јули 2024

Конкурс за филмска рецензија на младинското здружение „Култура Бета“

Конкурс за филмска рецензија на младинското здружение „Култура Бета“

Скопје, 5 април 2023 (МИА) - Младинското здружение за креативно и културно изразување „Култура Бета“ објави конкурс за филмска рецензија на кој, како што наведува, може да учествува секој ентузијаст што сака да гледа филмови и да пишува за нив.

-Рецензијата не треба да биде подолга од страница и половина, треба да ги содржи основите информации за филмот и film still од филмот што ќе биде обработуван. Жанровски ограничувања нема, соопшти здужението. 

Конкурсот е отворен до 15 април. Текстовите треба да се испратат на мејл-адресата: kulturabeta@yahoo.com. Избраните текстови ќе бидат објавени на платформите на Култура Бета.

„Култура Бета“ е младинско здружение за креативно и културно изразување, неформална организација за сите млади кои имаат идеи за развој на културата надвор од културните институции. хс/ац/

Остани поврзан