• среда, 27 ноември 2024

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Финализирано е вчера, сите здравствени работници кои работат во здравствениот сектор, имаме добиено согласност од Министерство за финансии, ќе продолжат со договор на дело. После изборите, обезбедени се средства од Министерство за финансии, ќе се пристапи кон отворање на конкурси, да не се прекршуваат законските прописи и истите ќе бидат вработени. За ова попладнево информираше новиот министер за здравство во техничката Влада, Илир Демири, одговарајќи на новинарски прашања.

- Голема благодарност и пофалност за сите оние, кои со години придонесуваат во здравствениот систем без пензиско осигурување, нагласи Демири.

Тој беше прашан како гледа на постапката за 1.117 вработувања во здравството.

- Ако може некој да се пофали за едно достигнување, може да се пофали оваа власт, со обезбедување на право и финансиска поткрепа за вработување на 1.000 и нешто здравствени работници, кои на некој начин, изминатиов период биле обесправени со договори на дело. Во државата има правила и прописи. Конкретно во тетовската болница е објавен конкурс, но тој конкурс оди во мирување, сега сме во време на предизборие и нема да го прекршуваме законскиот правилник што го одредува државата. Вчера е финализирано, сите здравствени работници кои работат во здравствениот сектор, имаме добиено согласност од Министерство за финансии ќе продолжат со договор на дело. После изборите, обезбедени се средства од Министерство за финансии, ќе се пристапи кон отворање на конкурси да не се прекршуваат законските прописи и истите ќе бидат вработени, подвлече Демири.

Според Демири, не би требало да се вратат во градинка, децата кои се невакцинирани.

Како што тој информираше, договорите се продолжени на државно ниво, конкурсите се стопираат. После изборите, како што истакна тој, ќе се отворат конкурси и ќе се пристапува со законски одредби.

- Не знам колку ќе имам време и што ќе направам, но, во нешто ве уверувам, дека Министерството за здравство ќе биде сервис на сите граѓани кои имаат потреба и законските прописи ќе бидат почитувани максимално. После изборите, кој ќе го води Министерството, тој ќе креира политика за развој, додаде Демири.

Тој рече оти е трет ден откако ја извршува функцијата министер за здравство и „сите проекти што се базираат на факти и студии и што треба да се продолжат, сите проекти ќе се продолжат“. Тоа е и целта на прифаќањето на оваа позиција, изјави тој, за да нема прекин и да има континуитет во здравствениот систем.

Демири беше прашан зошто не го потпишал анексот на колективниот договор.

- Ќе мора да ви одговорам онака како што е суштината. Јас се видов со претставниците на синдикат, таму направена е една промоција за зголемување на плати, меѓутоа не е направена постапка за обезбедување на финансиска поткрепа и обезбедување на средства од буџетот, тоа е повеќе кажано како ветување, а не е исполнет критериумот. Остануваме должни, дали јас или идниот министер, тој договор мора да помине процедура, Министерство за финансии да се обезбеди финансиска конструкција и да се потпише после изборите. Здравствените работници, синдикатот е информиран дека не е спроведена процедурата, апропо обезбедување на средства, појасни Демири.

Во врска со огласот за вработување во гостиварската болница, Демири рече оти имало реакции, но, тој, како што нагласи, ја почитува пресумпцијата на невиност.

- Јас веќе одредив комисија да оди во гостиварската болница да се провери и доколку има неправилности, ќе се постапи според законски прописи. Никој во државата не е над законот, тоа е мојот став, рече Демири. бд/ра/

Фото: МИА архива

Остани поврзан