• петок, 05 декември 2025

Компани: Блиску сме до целта, но сакам да останеме фокусирани

Компани: Блиску сме до целта, но сакам да останеме фокусирани

Минхен, 4 мај 2025 (МИА) - Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, продолжува да биде умерен во своите изјави по ремито 3:3 со РБ Лајпциг, кое дојде со гол во доцните минути на противникот, а кој ги спречи Баварците да ја овојат титулата во Германија уште вчера. Белгиецот рече дека целта сè уште не е постигната и дека е прерано за славење.

-Дали треба да ја славиме титулата сега? Имаше такви дискусии меѓу тренерите по натпреварот. Сепак, јас сум некој што верува дека дури и ако има 0,1% шанса да не победиме, тогаш сè уште не сме ја завршиле нашата работа и треба да чекаме до последен момент. Не се сите на ова мислење. Знам дека сме многу блиску до целта, но сакам да останеме фокусирани и да ги добиеме следните два натпревари, порача тренерот.

Можеби откако ќе ја освојат титулата, вели Компани, може да изрази мислење, но пред тоа е прерано да се размислува за забава.

-Сè уште не сме шампиони, па затоа мора да почекаме, рече Компани. дс

Фото: Архива

Остани поврзан