• среда, 27 ноември 2024

Комеморативна седница по повод Кристалната ноќ

Комеморативна седница по повод Кристалната ноќ
Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Во просториите на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје денеска ќе се одржи комеморативна седница по повод Кристалната ноќ, која во далечната 1938 година го означи и почетокот на прогонот на Евреите во Европа. - Одделот за проучување и истражување на холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, веќе шест години по ред со своја комеморативна активност го одбележува овој настан со пригодна програма во сеќавање на жртвите и оние кои го изгубија својот живот за време на холокаустот, соопштија од ИДКНА. Годинава комеморативната седница е во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и Правниот факултет од Тетовскиот универзитет.см/лв/

Остани поврзан