• недела, 22 декември 2024

Командант на ИДФ: Веројатноста за војна во Либан во наредните месеци е поголема од претходно

Командант на ИДФ: Веројатноста за војна во Либан во наредните месеци е поголема од претходно

Тел Авив, 17 јануари 2024 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-полковник Херзи Халеви соопшти дека „веројатноста за војна на северот сега е поголема од претходно“.

Обраќајќи им се на војниците во северен Израел за време на вежбата за симулација на офанзива во Либан, Халеви рече дека ИДФ „ја зголемува подготвеноста да се бори во Либан. - Имаме многу лекции од борбите во Газа, голем дел од нив се многу релевантни за борбите во Либан, и има такви што мора да се прилагодат“.

- Сакаме да постигнеме многу јасна цел во Либан, да ги вратиме жителите на север, сите заедници на север, рече Халеви, пренесува Тајмс оф Израел.

Тој истакна дека не знае кога би можела да се случи војната, но и дека „веројатноста таа да се случи во наредните месеци е многу поголема отколку што била претходно“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан