• сабота, 23 ноември 2024

Ковачки: Власта не може да се справи со сигурноста и обезбедувањето на затворите

Ковачки: Власта не може да се справи со сигурноста и обезбедувањето на затворите

20 ноември 2023 

Почитувани,

На неспособноста на власта предводена од СДСМ и ДУИ и нема крај.

Веќе пола година власта не може да се справи со сигурноста и обезбедувањето на затворите во Македонија.

Владата повторно си изгласа продолжување на кризната состојба во најголемиот затвор Идризово и повторно наместо да вработи професионална затворска полиција, затворот ќе го обезбедува Армијата.

Овој невиден преседан кој што не и наликува на една држава членка на НАТО. Власта првпат оваа одлука ја донесе на 7 јуни 2023 година, кога прогласи 30 дневна кризна состојба во затворот, за потоа на 26 јули со гласовите на пратениците од парламентарното мнозинство да го продолжи за 3 месеци и сега на 7 ноември повторно со владина одлука го продолжува за 30 дена.

Цели 6 месеци не успеаја да го решат овој проблем и исто како и кога првпат беше прогласена кризна состојба така и сега проблемите си стојат. Недостасуваат над 100 затворски полицијаци, нема заштитна ограда во должина од 5 километри, нема скенер за рачен багаж, а нема ни целосен видео надзор.

Ваква неспособност, ваков преседан и нарушување на имиџот на земја НАТО членка е досега невиден.

Војска да чува затвори. Во која НАТО држава, во која членка на ЕУ или цивилизирана држава ова се случува. Ова е срам за една демократија. Армијата не е полиција.

За преседанот да биде уште поголем на овие очајни одлуки е согласен и претседателот на државата Пендаровски.

Апелираме до власта да не се впушта во вакви опасни преседани, да престане со злоупотребата на Армијата на Република Македонија и да го решат проблемот со сигурноста и безбедноста на затворот. На оваа ситуација и треба трајно и квалитетно решение кое што во иднина ќе ја гарантира безбедноста на оваа институција во која што казна издржуваат сторителите на најтешки кривични дела, како тероризам или убиства.

Наместо да ја искористуваат Армијата треба да го решат проблемот со вработување на затворска полиција која што е обучена и професионално и одоговорно ќе си ја врши работата.

Задачата на Армијата не е да обезбедува затвори и затоа време е власта да почне да работи нешто и да го реши овој проблем.

Ви благодарам.

Изјава за медиуми на Драган Ковачки, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан