• сабота, 23 ноември 2024

Ковачки: Народот, интелектуалците, општествените чинители и експертската јавност гласно кажуваат дека францускиот предлог е неприфатлив

Ковачки: Народот, интелектуалците, општествените чинители и експертската јавност гласно кажуваат дека францускиот предлог е неприфатлив
Скопје, 5 јули 2022 Предлогот кој владата на Ковачевски го прифаќа е неприфатлив за Македонија. Народот, интелектуалците, општествените чинители и експертската јавност гласно кажуваат дека овој предлог за почеток на преговори е штетен за Македонија и води кон две сценарија, кое од кое полошо за државата, едното е вечно преговарање, а второто е асимилација по диктат на Бугарија. Овој предлог преставува ултиматум кој во себе ги содржи сите бугарски барања. Тоа кое што владата се обидува да го протне како голем успех, е всушност голема дипломатска катастрофа. Рамката во себе содржи Протоколи или ако сакате Годишни извештаи преку кои Бугарија ќе има директно влијание и учество во менувањето на учебници, споменици, ќе влијае кон менување на историски факти за настани и ликови кои директно задираат на само во македонската историја, туку и во македонскиот идентитет. Ова се понижувачки и недостоинствени позиции за Македонија. Друг да диктира лекции во учебниците, друг да диктира измени на Устав, друг да диктира дали некоја критика е говор на омраза или не. Понижување и порази. Очекуваме Владата да се вразуми. Десетици илјади граѓани секој ден јасно и гласно кажуваат ултиматум, Не благодарам. Владата треба да го послуша гласот на народот, а не да идо спротивно на неговата волја. ВМРО-ДПМНЕ стои зад овој став на граѓаните и затоа бара Ковачевски да ги прифати четирите суштински измени на Предлогот, да прифати широка дебата преку работни групи во кои ќе се слушнат сите мислења и да се изгради заеднички национален став. ВМРО-ДПМНЕ повторно повикува граѓаните и денес во 19 часот мирно, достоинствено и масовно да го искажат својот глас  против ултиматумот. Во 19 часот ќе се собереме пред Владата и ќе маршираме кон Министерството за надворешни работи, институцијата која е одговорна за овој дипломатски пораз, а потоа ќе се упатиме до пред Собранието на Република Македонија каде ќе го изразиме уште еднаш нашиот став против. Народот кажа Ултиматум, не благодарам. Ковачевски и Владата треба да кажат дали стојат со или против својот Народ. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, интегрален текст од изјава за медиуми на Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан