• вторник, 24 декември 2024

Ковачевски: Со навремени мерки инвестираме во развојот на лозарството и винарството

Ковачевски: Со навремени мерки инвестираме во развојот на лозарството и винарството
Скопје, 11 септември 2022
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска присуствуваа на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2022", што традиционално се одржува во Кавадарци.„Лозарството и винарството се наша вековна традиција, произведуваме вино со светски познат квалитет, и сме еден од лидерите по извоз на вино во регионот. Тоа е резултат на еднаквата поддршка која Владата преку соодветни и навремени мерки ја дава и за лозарите и за винариите.Заедно со лозарите и винариите договоривме мерки за полесно справување со претстојната криза. Историско е зголемувањето од 30% на откупна цена на Смедеревката и Вранецот.
Субвенциите за одржливи површини се редовни, субвенцијата на зелената нафта стигнува и до 100%, а на располагање е и Интервентниот фонд.
Заедно, ќе ги надминеме сите предизвици кои ги носи претстојната криза.
Посакувам успешна и бериќетна лозарска година, поддршката за развој на оваа извозно-ориентирана гранка продолжува", порача премиерот Ковачевски.
Прес-служба на Влада 
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан