• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски за МИА: Во светло на војната во Украина, проширувањето на ЕУ е геостратешко прашање

Ковачевски за МИА: Во светло на војната во Украина, проширувањето на ЕУ е геостратешко прашање
Делфи, 9 април 2022 (МИА) – За последиците од руската инвазија и војната во Украина, како од економски, така и од енергетски и геостратешки аспект, за подготвеноста на земјава за справување со новите предизвици, за европската перспектива низ призмата на овие случувања, говори премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА од грчкиот град Делфи, дадено за време на учеството на седмиот Економски форум. Премиерот Ковачевски ја предводеше нашата делегација, а во разговор со дописничката на МИА, ги пренесува впечатоците и пораките од неговото прво учество на форумот, на кој доминантна тема беше светот по војната во Украина. -Во светло на случувањата во Украина и воената агресија на Русија врз Украина, проширувањето на Европската Унија со земјите на Западен Балкан не е веќе прашање само на проширувањето, туку претставува и геостратешко прашање, истакна премиерот. Во интервјуто открива до каде се енергетските проекти со соседна Грција, интерконекторот и терминалот за течен гас во Александруполи, детално објаснува која е стратегијата на Северна Македонија за справување со енергетските и економските последици, а одговара и на прашањето дали постои оптимизам за решение со Бугарија. Видео интервјуто со премиерот Ковачевски МИА утре ќе го објави во целост, а беше направено непосредно пред средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и пред работниот ручек што Мицотакис го приреди за лидерите на земјите од Западен Балкан. ср/вј/

Остани поврзан