• среда, 27 ноември 2024

Ковачевски во посета на манастирот Свети Јоаким Осоговски

Ковачевски во посета на манастирот Свети Јоаким Осоговски
Скопје, 28 август 2022 (МИА) -  Премиерот Димитар Ковачевски, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, денеска го посети манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, од каде упати честитка до христијанските верници.
- Денешниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица е празник на почит, љубов, разбирање, зацврстување на нашата волја да правиме добри дела. Пресветата Богородица е заштитничка на Општина Крива Паланка и на овој голем празник, денеска од манастирот Свети Јоаким Осоговски, упатувам искрена честитка до сите христијански верници. Посакувам добро здравје, мир и благосостојба за сите. Нека е за многу години празникот, порача премиерот во честитката. ки/сп/

Остани поврзан