Клоп му честита на Ливерпул: Исклучително сум оптимистичен во врска со иднината
- Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, на социјалните мрежи му честиташе на својот поранешен тим за освојувањето на титулата во англиската Премиер лига.

Ливерпул, 28 април 2025 (МИА) - Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, на социјалните мрежи му честиташе на својот поранешен тим за освојувањето на титулата во англиската Премиер лига.
„Црвените“ ја освоија титулата број 20 во нивната историја во Англија откако го победија Тотенхем Хотспур со 5:1 и сега се недостижни на врвот на Премиер лигата.
-Бесконечно благодарен за минатото, бесконечно, бесконечно среќен за сегашноста, исклучително позитивно за иднината! Честитки – Никогаш нема да одиш сам. (YNWA). Ти благодарам, со љубов, напиша Клоп на Инстаграм, додавајќи фотографија од целиот тим на Ливерпул пред трибината „Коп“. дс
Фото: Архива