• вторник, 17 декември 2024

Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили

Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили

Сараево, 4 октомври 2024 (МИА) - Премиерката на Херцеговачко-неретванскиот кантон (ХНК) Марија Бухач денеска соопшти дека има жртви во поплавените области во општините Јабланица, Коњиц, Фојница и Крешево.

Според неофицијални информации до кои дојде порталот Klix.ba, бројот на загинати во поплавите и одроните во Јабланица е зголемен на над 10 лица. Информацијата на сараевскиот портал засега не е потврдена.

Бухач истакна дека силно невреме ја погодило северната област на ХНК, која е поплавена и отсечена. Таа додаде дека Владата на ХНК побарала помош од Оружените сили на БиХ, а хеликоптери се бараат за спасување на дете во Јабланица.

„Издадовме наредба за војската и хеликоптерите. Испратив барање до командантот, што е кратка процедура и треба да биде одобрено. Мораме да евакуираме едно дете“, изјави за Кликс министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез.

Во тој дел на БиХ, поради поплавите, блокирани се многу патишта, а на населението му е препорачано да не патува.

Во текот на денот ќе биде одржана итна седница на Советот на министри на БиХ. ссм/

фото: принтскрин

 

Остани поврзан