• сабота, 23 ноември 2024

Кичевчани за отец Партениј: На многаја лета, владико на нашите срца

Кичевчани за отец Партениј: На многаја лета, владико на нашите срца
Дебар, 7 јуни 2020(МИА) – Продолжува реката чеситки кои од сите страни пристигнуваат до отец Партениј по повод неговиот избор за владика, односно епископ Антаниски на МПЦ-ОА. Последната под низата е честитката на кичевчани и кичевската коњаница, во која меѓу другото која стои дека „човек да се бори за спасението не само за својата, ами за многу други души – е тоа е подвиг еднаков на Голгота, на секојдневно распетие за доброто на мнозина“. - Таквиот крст, таквата борба, оваа апостолска саможртва, нашиот Старец, Архимандрит Партениј, ги понесе на своите рамења уште пред 25 години. Четврт век апостолски подвиг, непрестајна борба, самопрегорна жртва – сето тоа до самозаборав. Со еден збор татковска љубов и саможртва. Колку души спасени, колку млади луѓе од смртта избавени, колку семејства склопени, колку бракови сочувани, колку дечиња на овој свет донесени… Дваесет и пет години светло сведочење на Евангелието и на љубовта Христова, стои во честитката. Се додава дека го огромна радост го дочекале денот целата таа саможртва, тоа евангелско татковство, да биде удостоено со свештено-апостолска благодат. -Кога многумина седеа дома покрај своите најмили и молејќисе за мир, тој прв застана да ја брани Бигорската светиња да ги храни со благодат нашите бранители кои знаеа од другата страна што ги чека но покрај својот Духовен татко Отец Партениј се чуствуваа бессмртни бидејќи знаеа дека ја чуваат Господовата светиња. Отец Партениј слободно може да се опише во зборот ПАТРИОТ бидејќи самиот тој е поим за тој збор со делата што ги има направено за нашата татковина Македонија и нејзините најголеми Светињи: Бигорски, Пречиста, Рајчица, Битуше, Кнежино, се наведува понатаму во честитката на која се постира и фотографија на бранители од кичевско со отец Партенииј. Се посочува дека неговата љубов кон „ неговите духовни чеда не може да се опише со зборови бидејќи секоја секунда помината со него е благодет од Бога што се пренесува во нас, моментите поминати со него во разговор за нашата напатена Македонија длабоко се врежани во нас“. -Некои се дрзнаа да зборуваат и шират многу невистини и измислици за него но имаме едно да ви кажеме: Неговата неизмерна љубов спрема нашата татковина е поголема од сите вас и вашите ментори и кујни за ширење на лажни вести. На многаја лета, владико на срцата наши, завршува честитката, која во целост е објавена на сајтот на Бигорскиот манастир.вт/бк/

Остани поврзан