• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кироски: Мора нешто да се превземе за Кочани за да заживее

Кироски: Мора нешто да се превземе за Кочани за да заживее

Скопје, 9 мај 2025 (МИА) - Млад кочанчанец залепен со селотејп на бандера на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како што самиот нагласи дека е симболично врзан, денеска побара од институциите да им помогнат на повредените од дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Пред некој ден дома си дојдоа деца од болница без прсти на рацете. Дајте барем на тие деца да им се помогне, порача Мартин Кироски на кого во дискотеката му загинале петмина другари.

Побара од државата да му се помогне на Кочани бидејќи, како што рече, градот мора да заживее да се отворат културни и спортски центри и да престанат младите да одат во нелегални дискотеки.

-Мора нешто да се превземе за градот да заживее, порача Колоски. бк/ев/

Фото: МИА

 

Остани поврзан