Кипарско МНР: Ја осудуваме незаконската посета на Фидан на окупираните подрачја
- Министерството за надворешни работи ја осудува незаконската посета на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на окупираните подрачја, оваа постапка претставува уште едно кршење на меѓународното право, која се додава на 50-годишното континуирано кршење на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Кипар од страна на Турција, соопштија од кипарското МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Никозија, 8 јануари 2025 (МИА) – Министерството за надворешни работи ја осудува незаконската посета на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на окупираните подрачја, оваа постапка претставува уште едно кршење на меѓународното право, која се додава на 50-годишното континуирано кршење на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Кипар од страна на Турција, соопштија од кипарското МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Додадоа дека Фидан, со посетата на Северен Кипар, „испраќа пораки на бескомпромисност и презир кон одлуките на ОН и ЕУ“, но и дека не може да биде „à la carte“ усогласеноста со принципите и резолуциите на ОН.
Во соопштението, од Министерството за надворешни работи ја повторуваат „посветеноста на Република Кипар на напорите за рестартирање на преговорите со цел да се постигне сеопфатно решение во договорената рамка на ОН“.
- Република Кипар ја повикува Турција позитивно да одговори на овие напори и да се воздржи од дејствија кои се спротивни на меѓународното право и предизвикуваат тензии. Итно спроведување на договореното во октомври минатата година од страна на двајцата лидери и продолжување на преговорите под покровителство на генералниот секретар на ОН во договорената рамка останува единствената опција, соопштија од кипарското МНР. ср/сд/