• среда, 27 ноември 2024

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) - По повод 100 години од раѓањето на Марлон Брандо, Кинотеката денеска, утре и на 22 јуни со почеток во 20 часот, ќе прикаже три филма во кои великанот на филмот е во главната улога. Филмовите ќе бидат во оригинален формат, на 35 мм лента, како и во времето на премиерните прикажувања.

Вечер ќе биде прикажан вестернот „Да живее Запата!“ во режија на Елија Казан од 1952 година, утре на програмата е „Квемада - Островот во пламен“ на режисерот Џило Понтекорво од 1969 и в сабота (22 јуни) - филмот „Југозападно од Сонора“ во режија на Сидни Џ. Фјури, снимен во 1966 година. 

-Американски ловец, британски платеник и мексикански револуционер – во каква и да е улога, актерската легенда Марлон Брандо доминира на екранот. Неговото специфично, артистичко умеење секогаш ја фасцинира филмската публика, соопшти Кинотеката. хс/лв/

Фото: Кинотека на Северна Македонија 

Остани поврзан