• сабота, 23 ноември 2024

Кинезите за оваа Нова година патуваат помалку, подготвени кино салите

Кинезите за оваа Нова година патуваат помалку, подготвени кино салите
Пекинг, 12 февруари 2021 (МИА) - Бројот на луѓе кои патуваат за Кина за прославата на лунарната Нова година е намален во однос на истиот период пред две години, бидејќи ограничувањата поради коронавирусот влијаеја на најголемата годишна домашна миграција во светот. Податоците на Министерството за транспорт покажуваат пад од 70 проценти на бројот на патувања низ целата земја за две недели пред прославата на Нова Година, во споредба со истиот период пред две години, а Индексот на патувања објавен од компанијата „Баидуж“ врз основа на ГПС податоци од своите корисници, покажа намалување на бројот на патници за 41 процент во споредба со 2019 година. Седумдневната прослава, која започна вчера, по повод најголемиот национален празник во Кина, вообичаено се одбележува со големи семејни собири. Милиони луѓе традиционално патуваат, понекогаш илјадници километри од Пекинг и другите поголеми градови, до своите родни места во оддалечените региони. Во јануари годинава, кинеската Влада ги повика граѓаните да се откажат од плановите за патувања за Нова година по новите локални жаришта на Ковид-19, а локалните власти воведоа строги мерки за карантин во некои области. Како резултат на тоа, се очекува годинава околу 48 милиони луѓе да останат во 36 најголеми градови. Според Министерството за трговија, услужните компании и кината се подготвуваат за зголемена побарувачка. Претпродажбата на билети за филмови за време на празниците годинава изнесува 226,67 милиони долари на 11 февруари, што го надмина резултатот од 2019 година за 10 милиони, покажуваат податоците на кинеската филмска компанија „Алибаба Пикчрс“. паг/

Остани поврзан