• среда, 19 март 2025

Кина ги поздрави напорите за постигнување мир во Украина

Кина ги поздрави напорите за постигнување мир во Украина

Пекинг, 19 март 2025 (МИА) - Кина го поддржува решавањето на кризата во Украина преку дијалог и преговори и со задоволство ги набљудува напорите за постигнување прекин на огнот како неопходен чекор кон мирот, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нин.

Таа ја даде изјавата за време на редовната прес-конференција кога беше побарано од неа да го коментира вчерашниот телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека двајцата лидери се согласиле дека тригодишниот конфликт во Украина мора да заврши со траен мир и двајцата лидери ја истакнале потребата од подобрување на односите меѓу САД и Русија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан