• понеделник, 16 декември 2024

Кимих: Нема да чекам лето, одлука во јануари

Кимих: Нема да чекам лето, одлука во јануари

Минхен, 2 декември 2024 (МИА) - Една од најважните задачи што го очекува Баерн се преговорите со Џошуа Кимих околу продолжувањето на неговиот договор.

Актуелниот договор на членот на германската репрезентација истекува на лето, а од страна ситуацијата ја следат многу големи клубови, пред се Барселона.

- Нема да чекам до летото. Ќе седнам во наредниот период да размислам и да ја видам пошироката слика. Дефинитивно ќе донесам одлука во јануари – изјави Кимих.

Тој дојде во Баерн во 2015 година од РБ Лајпциг. Ова е негова 10-та сезона во најголемиот германски клуб. Одигра вкупно 409 натпревари во сите натпреварувања, постигна 42 гола и учествуваше во освојувањето на осум титули во германскиот шампионат, три купа, шест Суперкупа, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. дс

Фото: Архива

Остани поврзан