• среда, 25 декември 2024

Кикиљас: Целта за годинава е приходите од туризмот во Грција да бидат за десет отсто повисоки од лани

Кикиљас: Целта за годинава е приходите од туризмот во Грција да бидат за десет отсто повисоки од лани

Атина, 18 април 2023 (МИА) – Грција оваа година цели приходите од туризмот да бидат за десет проценти зголемени во споредба со лани, според министерот за туризам Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Во колумна под наслов „Интензивна туристичка динамика – раст на приходите од 10 отсто во 2023 година“ за порталот „Power game“, Кикиљас пишува дека во 2022 година, и покрај повеќекратните кризи, не само што успеале да ја достигнат првичната цел од 15 милијарди евра приходи, туку и ја надминале, а приходите од туризмот достигнале до 17,6 милијарди евра.

-Нашата цел за 2023 година е приходите од туризмот да ги надминат за десет отсто оние од 2022 година. Пораките што ги добиваме и од првичните резервации, но и од летовите, патничкиот сообраќај и приходите во првите месеци од годината, ја докажуваат динамиката што веќе ја има развиена нашиот туристички производ, пишува Кикиљас.

Министерот за туризам на Грција посочува дека оваа година отворени се и Кина и Австралија, Израел ги зголемува летовите до земјата, а паралелно продолжуваат со договори со авиокомпании од Саудиска Арабија и започнати се разговори со Индија и Јужна Кореја.ср/сд/

Остани поврзан