• среда, 25 декември 2024

Кикиљас: Поради високите температури, сушата и силниот ветер голема е опасноста од пожари во Грција

Кикиљас: Поради високите температури, сушата и силниот ветер голема е опасноста од пожари во Грција

Атина, 15 јули 2024 (МИА) – Оваа седмица ќе биде исклучително тешка:суша, топлотен бран до 42 степени и силен северен ветер до седум Бофори, кои сочинуваат опасен коктел за појава, но особено за драматичното ширење, дури и на најмал пожар, изјави денеска министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Соопшти дека денеска ќе се одржи координативен состанок на сите надлежни министерства, организации и безбедносни сили со учество на Комитетот за процена на опасностите, додека пак за утре прогнозите се дека 14 региони во земјата се во категоријата четири на картата за опасност од пожари. 

Во категоријата со многу висок ризик се Родопи и Еврос во североисточниот дел на Грција, каде што во моментов, според Кикиљас, силни копнени сили и 11 воздушни средства се справуваат со многу тежок пожар, додека пак во областа Еврос, како што рече „речиси секој ден имаме барем по еден опасен пожар“. ср/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан