Кејли Мекенани e новата портпаролка на Белата куќа
- Кејли Мекенани, прес секретарката на американскиот претседател Доналд Трамп, од денеска е новата портпаролка во Белата куќа.

Вашингтон, 1 мај 2020 (МИА) - Кејли Мекенани, прес секретарката на американскиот претседател Доналд Трамп, од денеска е новата портпаролка во Белата куќа.
По повеќе од еден месец поминат во Белата куќа, Трамп заедно со својата сопруга Меланија, денеска отпатуваа во претседателскиот ресорт Кемп Дејвид во Мериленд, и шефот на државата нема да држи брифинг.
На негово место се очекува да настапи Мекенани. Брифингот започна во 14 часот по локално време.
Најпозната и најактивна претходничка на Мекенани беше Сара Сандерс, додека Шон Спицер и Стефани Гришам имаа кратки ангажмани како портпароли на Белата куќа. кб/гт/