• недела, 22 декември 2024

Квалификуван стручен кадар во бизисот за општ економски развој

Квалификуван стручен кадар во бизисот за општ економски развој
Скопје, 27 октомври 2022 Стопанската комора во рамките на воспоставениот концепт на делување како Комора на иднината ставајќи се во целосна функција на компаниите членки и согласно нивните потреби и услугите што ги креира во интерес на поддршка на бизнисот и економијата за зголемен економски раст, покрај другите започнува со дејствување и на Советот за развој на тренингот и обуките. Проблемот со образованието е еден од топ приоритетите во работата на Комората повеќе години, во услови на недостиг не само на стручен кадар туку воопшто на работници, особено што потребата од стручен кадар расте на глобално ниво, пазарот во светот е целосно отворен за компетентни и стручни работици. Во таа насока а имајќи го предвид фактот дека човечкиот капитал има клучна улога за успешно работење на компаниите, за зголемување на нивната додадена вредност и за раст на извозниот потенцијал невозможно е да се биде конкурентен, во отсуство на соодветна инфраструктура, стабилни и ефикасни институции и образована и квалификувана работна сила. За таа цел преку Советот за развој на тренингот и обуките, Комората ќе даде придонес во обезбедување кадар за потребите на бизнисот преку четири форми. 1. Центарот за дуално образование е посветен на системска имплементација на дуалното образование како најефикасен начин за подготовка на млад стручен кадар со структурирано знаење и стручни вештини. Со фокус на реализација на практичната обука на реално работно место во самите компании преку искусни ментори и градење на култура на одржлива соработка на компаниите со средните стручните училишта, за да се воспостави рамнотежа на тоа што го бара бизнисот и кадрите што ќе се подготвуваат во училиштата. 53% од новите работни места бараат вештини со стручно образование, додека само 10% бараат вештини стекнати низ системот на високото образовние. 2. Центарот за преквалификација и доквалификација во соработка со компаниите се става во улога на обезбедување стручен и квалификуван кадар со 2, 3 и 4 ниво на квалификации во согласност со нивните потреби, врз основа на квалитетни и структурни анализи, подготовка на соодветни програми за обуки и обуки за преквалификација и доквалификација на лица за потребните вештини за работа во компаниите. На овој начин компаниите ќе можат да ги планираат своите идни вложувања во нови инвестиции и проширувања затоа што знаат дека имаат кадар кој ќе се вклучи во нивните нови работни процеси. 65% од компаниите побаруваат стручен кадар кој пазарот на труд не го обезбедува заради повеќе децениска неусогласеност на вештините со барањата на реалниот сектор. 3. Берзата на труд преку Веб порталот на Комората ќе претставува спој на понудата и побарувачката за кадар со соодветни квалификации, вештини и практично искуство согласно потребите на работодавачите, со опис на кадри и нивни вештини, а невработените лица ќе може да видат каков кадар им е потребен на компаниите. 4. Центарот за тренинг и обуки се става во улога на реализација на обуки и работилници за унапредување на специфичните вештини на вработените во компаниите и за стручно оспособување и унапредување на знаењата на стручните кадри. Со услугите кои ги нуди Комората на компаниите во различна форма имаат за цел подигнување на капацитетите на бизнисите во насока на поттикнување на конкурентноста и продуктивноста, што треба позитивно да се одрази на вкупната економска активност. Линк од изјавата на м-р Михајло Донев, в.д. оперативен директор за развој, иновации и знаење во Стопанската комора на Северна Македонија. Служба за информирање Стопанска комора на Северна Македонија ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан