• сабота, 06 декември 2025

Каја Шукова - министерка за животна средина и просторно планирање

Каја Шукова - министерка за животна средина и просторно планирање

Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) - Каја Шукова е новата министерка за животна средина и просторно планирање. Родена е во Скопје на 1 јануари 1970 година. Дипломирала на Технолошко-металрушкиот факултет во Скопје во 1995 година. 

Од 2020 година е државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање  (МЖСПП) каде била на повеќе функции почнувајќи од 1999 година. Претходно во 1998 година со договор на дело работела во Министерството за градежништво, урбанизам и животна средина каде дошла од Пивара – Скопје.

Активно го познава англискиот јазик, а пасивно германскиот. Има клучни квалификации во управување и планирање на животната средина, а учествувала и во подготовка на законски акти во областа на животна средина и нивна хармонизација со барањата на Европската унија, како и во процесот на скрининг и преговори со ЕУ. Била член на повеќе работни групи. вј/дма/

 

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан