• недела, 06 октомври 2024

Кафе во корнет - најскапото во Виена

Кафе во корнет - најскапото во Виена

Виена, 3 ноември 2022 (МИА) - Виена е позната по многу нешта, но се чини, само сладокусците знаат за кафето „Фенстерчино“, со уникатен вкус и со повеќе чоколадо, коешто се служи на невообичаен, но симпатичен начин - во корнет. Оваа услуга се нуди во кафулето „Фенстер кафѐ“ (Fenster cafe), кое, според реакциите на интернет, веднаш ги освои туристите.

И посетителите на „Трипедвајзор“ (TripAdvisor), велат дека, на пр., кафето во корнет вреди „за секој потрошен денар“. А, тоа, инаку, чини 10 евра, што го прави најскапото кафе во австриската престолнина. Покрај ова уникатно кафе во корнет, во кафулето може да се најдат и можности за сечиј џеб, како на пр. - „еспресото“ од 95 евроценти.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан