• вторник, 24 декември 2024

Каселакис: Продолжуваме, наскоро ќе бидеме мнозинство

Каселакис: Продолжуваме, наскоро ќе бидеме мнозинство

Атина, 11 јуни 2024 (МИА) – Продолжуваме и наскоро ќе бидеме мнозинство, напиша на социјалните мрежи лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, посочувајќи дека разликата со Нова демократија од 23 отсто колку што беше на ланските парламентарни избори, сега на европските се намали на 13 проценти, јави дописничката на МИА од Атина.

Каселакис напиша дека добил многу пораки во кои граѓаните му напишале да не се откаже и да не ги изневери и им порача дека „заедно прогресивната партија повторно ќе ја направат мнозинство во државата“.

На европските избори во неделата СИРИЗА беше втора со 14,9 отсто, освои 593.133 гласа, наспроти 1.343.585 на евроизборите во 2019 година. ср/сд/

Остани поврзан