Карвахал: Никогаш не би играл за друг клуб во Европа од почит кон Реал Мадрид
- Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, за шпанска „Марка“ одговори на повиците на тренерот на тимот, Карло Анчелоти да се продолжи договорот на веќе легендарниот играч на „кралевите“.

Мадрид, 13 септември 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, за шпанска „Марка“ одговори на повиците на тренерот на тимот, Карло Анчелоти да се продолжи договорот на веќе легендарниот играч на „кралевите“.
- Никогаш не би играл за друг клуб во Европа од почит кон Реал Мадрид. Ако сите страни се согласат, сакам да го продолжам договорот. Ова е она што отсекогаш го сакав и што сакам сега, изјави Карвахал.
Карвахал игра за Реал Мадрид од 2013 година. Актуелниот договор со 32-годишниот Шпанец е до летото 2025 година. дс
Фото: Архива