• сабота, 23 ноември 2024

Капитенот на Србија: Не можe да играм 30 минути, јас сум лидер и најдобар играч

Капитенот на Србија: Не можe да играм 30 минути, јас сум лидер и најдобар играч

Гелзенкирхен, 17 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ реши да го остави капитенот Душан Тадиќ на клупата на мечот со Англија и да го пушти да игра во вториот дел. Сепак, ветеранот не беше задоволен од оваа одлука и јасно стави до знаење со своите зборови по натпреварот.

-Ми беше тешко да ја прифатам одлуката да не бидам меѓу стартерите во натпреварот. Зборував со селекторот, но тешко ми е, бидејќи тоа беше натпревар против Англија. Јас сум капитен, лидер и мислам дека сум најдобриот играч во тимот, без да бидам скромен. Се разбира, мислам дека треба да бидам стартер, но мислам дека ќе бев покорисен ако играв 90 минути. Ако сака, може да ме пушта и 30 минути, но јас сакам да играм 90, рече лутиот Тадиќ.

Стојковиќ изјави дека одлуката да не се потпре на својот капитен од првата минута е тактички потег од негова страна:

„Тадиќ остана на клупата од тактички причини - сакав да влезе свеж во вторите 45 минути. Тоа беше нашата тактика“, изјави популарниот Пикси. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан