• сабота, 27 јули 2024

Канцеларијата на СЗО во Скопје објави видеа за имунизацијата

Канцеларијата на СЗО во Скопје објави видеа за имунизацијата
Скопје, 19 мај 2021(МИА) - Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје објави бројни видеа за имунизација на македонски и албански јазик, вклучувајќи и за имунизација против КОВИД-19.

Од Канцеларијата на СЗО во Скопје информираат дека целта на овие едукативни видеа е да им помогнат на граѓаните да бидат информирани за вакцинацијата како алатка од клучно значење во борбата против пандемијата.

- Во видеата се објаснува што се патогени, антигени и антитела и каква е нивната улога во имунитетот, како се поврзани патогените и антителата и како вакцините им помагаат на нашите тела да произведуваат антитела, што се вакцини и како тие предизвикуваат реакција на имунитетот, процесот на развој и одобрување на вакцината против КОВИД-19, кои се сите состојки на вакцината, фазите на тестирање на вакцините за да се осигури дека се безбедни и ефикасни и други важни информации поврзани со коронавирусот, информираат од Канцеларијата на СЗО во Скопје. фф/сп/

Остани поврзан