• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Канадскиот фудбалски селектор го критикува Трамп

Канадскиот фудбалски селектор го критикува Трамп

 

Лос Анџелес, 27 февруари 2025 (МИА) – Селекторот на канадската фудбалска репрезентација Џеси Марч денеска ја осуди „смешната реторика која Канада ја претставува како 51 американска држава“, која изминатите недели ја повторува претседателот на САД, Доналд Трамп.

Марш (51), кој и самиот е државјанин на САД, им се обрати на новинарите во Лос Анџелес, пред завршниот турнир од Лигата на нациите во Конкакаф зоната, што на почетокот на март ќе се одржи во Калифорнија.

„Ако имав порака до нашиот претседател, тоа ќе беше да престане со смешната реторика која ја претставува Канада како 51 сојузна држава. Како Американец, се срамам од ароганцијата и презирот што го покажавме кон еден од нашите историски сојузници“, рече поранешниот тренер на Лајпциг и Лидс.

Марш додаде дека Канада е силна и независна земја, која има длабока традиција на пристојност.

„Тоа е место кое ја цени етиката, почитта, за разлика од поларизираната и често исполнета со клима на омраза што постои во САД“, посочи тој.

Фудбалската репрезентација на Канада ќе игра во полуфиналето на Лигата на нации во Конкакаф против Мексико на 21 март.

Канада ќе биде еден од домаќините на Светското првенство во 2026 година, заедно со САД и Мексико. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан