• среда, 27 ноември 2024

Кампања „Паркирај совесно и одговорно" во Крива Паланка

Кампања „Паркирај совесно и одговорно

Крива Паланка, 29 март 2024 (МИА) - Со делење флаери за совесно и одговорно паркирање и укажување на возачите на несоодветно паркирани возила, во Крива Паланка денеска беше спроведена кампањата „Паркирај совесно и одговорно" на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, која ја  реализираа членовите на Општинскиот совет за безбедност и полициски службеници, сообраќајни, од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка.

Оваа кампања е дел од редовните програмски годишни активности за подигнување на свеста на возачите за зголемена безбедност во сообраќајот.

-Неправилното паркирање често е причина за зголемен број сообраќајни незгоди во кои страдаат деца, пешаци и велосипедисти. Она што денес им беше укажано на возачите е да бидат секогаш совесни при управување со возилото, особено и при паркирање. Да не се за земаат две паркинг места, да не се узурпираат тротоари, паркирање на означени паркинг места, да не се користи мобилен телефон при паркирање и сл., се само дел од препораките и укажување од наша страна, но и содржани во флаерите што им беа поделени на возачите, информираат од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Крива Паланка.

Ова е последователна активност на Општинскиот совет за безбедност (ОСБСП) Крива Паланка, на возачите секогаш им се укажува на безбедно возење без употреба на алкохол за време на новогодишните и божиќните празници, во февруари апелираа да се слави Св.Трифун без да се вози, а по повод денот на жената, 8 Март, на припадничките на понежниот пол кои управуваат со возила им беа поделени цвеќиња и им беше укажано секогаш да бидат внимателни возачи. ид/хс/

Фото: Крива Паланка

 

 

Остани поврзан