Калас: Кина ја загрозува европската безбедност
- Кина треба да престане да ја загрозува европската безбедност, изјави денеска високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас пред средбата со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Брисел
Брисел, 2 јули 2025 (МИА) – Кина треба да престане да ја загрозува европската безбедност, изјави денеска високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас пред средбата со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Брисел.
- Пекинг спроведува кибернапади, се меша во нашите демократии и се занимава со нефер трговија. Овие дејствија и штетат на безбедноста и на работните места во Европа … Кина сигурно не е противник на Европската Унија, „но кога станува збор за безбедноста, нашите односи се под зголемен притисок, наведе Калас.
Таа ја обвини Кина дека и помага на Русија во војната против Украина.
- Кинеските компании се јаже за спас за Москва, за да ја поддржат нејзината војна против Украина … Дозволувањето војна во Европа, а истовременото барање поблиски врски со неа, е контрадикција што Пекинг мора да ја реши, наведе Калас при тоа повикувајќи ја Кина да го почитува меѓународното право.
Посетата на Ванг на Брисел е дваесетина дена пред средбата во помеѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и високи претставници на ЕУ.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп почна трговска војна со Пекинг, ЕУ се обидува да ги подобри односите со Кина, која ја обвинува дека не презема ништо за да ги исправи своите нефер практики.
Изминатите три години конфликтите меѓу ЕУ и Кина се зголемија во различни економски сектори – електрични автомобили, железничката индустрија, соларните панели и турбините на ветер. ми/
фото: ЕПА