Калас: Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната
- -Не треба да се препуштиме на песимизмот. Победата во Украина не е само територија. Ако Украина влезе во НАТО, дури и без одредена територија, тогаш тоа е победа бидејќи ќе биде ставена под чадорот на НАТО, посочи Калас во интервјуто. со Би-Би-Си
Талин, 1 јуни 2024 (МИА) - Естонската премиерка Каја Калас денеска изјави дека Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната.
-Не треба да се препуштиме на песимизмот. Победата во Украина не е само територија. Ако Украина влезе во НАТО, дури и без одредена територија, тогаш тоа е победа бидејќи ќе биде ставена под чадорот на НАТО, посочи Калас во интервјуто. со Би-Би-Си.
Владата на Естонија одвои повеќе од еден процент од естонскиот БДП за воена и финансиска помош за Украина.
-Доколку секоја земја на НАТО го направи тоа, Украина ќе победи, посочува Калас.
Естонија, мала балтичка држава која некогаш беше дел од Советскиот Сојуз, е уверена дека откако ќе завршат борбите во Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе го сврти своето внимание кон Балтикот, барајќи да ги врати земјите како Естонија под контрола на Москва.сд/
фото:МИА архива