• сабота, 23 ноември 2024

Каевски: Близок соработник на Мицкоски фатен со кокаин

Каевски: Близок соработник на Мицкоски фатен со кокаин

Скопје, 10 декември 2023

Со денови нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски, осомничен за двете убиства, што ја потресоа и згрозија македонската јавност.

Зошто Мицкоски молчи за средбите со радикалот Палевски кој беше алатка на ДПМНЕ.  Што крие?

И додека јавноста го чека Мицкоски да одговори што разговарале, што договарале, пукна нов скандал, и тоа со дрога, кокаин.

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин.

Како што информираше МВР, вчера на 9-ти декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин.

Станува збор за Александар Толоманоски-Дандаро, близок на Мицкоски и градоначалникот Пецаков.

Еве и дел од нивните заеднички фотографии. Нека види јавноста кои се блиските луѓе на Мицкоски.

Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и кажува многу за какви луѓе станува збор.

Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски а не само Белата палата!?

Одговор на новинарско прашање

Ковачки е познат манипулатор, неколкупати фатен како шири лажни вести, последниот пат за самитот на ОБСЕ.

Очигледно обидите за маниупалација, поткопување на истрагата, изопачената потреба да го злоупотребуваат случајот со смртта на Вања е поради средбите на Мицкоски со Палески за кои се молчи. 

Јавноста многу добро знае дека радикалните ставови на Палески беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити.

Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

Бидејќи Мицкоски со денови молчи еве Ковачки нека излезе пред граѓаните и нека одговори за средбите на Мицкоски со Палевски.

Што се договарало на тие средби?

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, прес-конференција на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 Фото: СДСМ

 

Остани поврзан