Кавадарчанец возел со 2,04 промили алкохол во крвта
- При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,04 промили алкохол во крвта.
Кавадарци, 3 септември 2025 (МИА) - Кавадарчанец возел со 2,04 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Денеска во 1:15 часот на улица „Љубашка“ во градот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода В.М., на возраст од 41 година. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,04 промили алкохол во крвта, појаснија од МВР. свд/бд/
Фото: МИА архива