Кавадарци ќе субвенционира стари занаети во изумирање
- Општина Кавадарци има намера да ги субвенционира старите занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територијата на општината, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јан
Кавадарци, 9 ноември 2022 (МИА) - Општина Кавадарци има намера да ги субвенционира старите занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територијата на општината, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
За таа цел, локалната самоуправа упати јавен повик за изразување на интерес за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во општината.
- Се охрабруваат сите занаетчии коишто се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и обавуваат занаетчиски дејности во изумирање како јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, изработувач на венци, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија, да поднесат пријава за изразување на интерес за добивање на финансиска поддршка, појаснија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму нагласија дека и во иднина, како и досега, во рамките на можностите, ќе даваат поддршка на различни категории на граѓани. Со единствена цел, како што рекоа, подобро утре за сите. свд/дма/