• петок, 30 август 2024

Италијанците во карантин пеат на терасите за да не се чувствуваат осамено (ВИДЕО)

Италијанците во карантин пеат на терасите за да не се чувствуваат осамено (ВИДЕО)
Рим, 13 март 2020 (МИА) - Италијанците, кои речиси една недела поради коронавирусот се во карантин, почнуваат да излегуваат на терасите и да пеат, јави дописникот на МИА. Според италијанските медиуми, тоа го прават за да не се чувствуваат осамено. На социјалните мрежи се споделуваат видеа, со кои се пренесува атмосферата од населените места низ Италија. Со кампања на интернет под мотото „Погледни низ прозорецот”, секој ден во 18 часот се повикуваат граѓаните да излезат на прозорците и терасите и сите заедно да пеат. ав/гт/ https://www.youtube.com/watch?time_continue=41&v=euTFQvo1ZBo&feature=emb_logo&fbclid=IwAR1DbmEQT419gRYwVeJ0k6bJcHU4ObCsQDNqgzReYVuRudW3ZUgaatC1dYw

Остани поврзан