• вторник, 26 ноември 2024

Италијанските медиуми со критики до Кварацхелија за настапот на натпреварот со Аталанта

Италијанските медиуми со критики до Кварацхелија за настапот на натпреварот со Аталанта

Рим, 4 ноември 2024 (МИА) – Лидерот во Серија А вчера загуби на домашен терен од Аталанта со убедливи 0:3 во 11. Коло. Според италијанските спортски медиуми еден од виновниците за сензационалниот пораз на наполитанците е Хвича Кварацхелија .

Грузиецот пред почетокот на натпреварот доби специјална диплома за 100-те натпревари што претходно ги одигра за Наполи.

Кварацхелија од трите највлијателни италијански спортски медиуми доби оценка 5 (највисока е 10).

- Токму против Аталанта го постигна својот најубав гол во шампионската сезона. Овој пат како да не беше на теренот, пишува „La Gazzetta dello Sport“.

Критиките на „Corriere dello Sport“ се следни: „Ја загуби топката 13 пати и го загуби дуелот од Џимсити. Беше речиси невидлив. Не можеше да се извлечи од притисокот, не помогна на одбраната.

И за „Tuttosport“, Кварацхелија како да го немаше на теренот.

- Од него секогаш очекуваат нешто посебно. Сепак, тој беше речиси невидлив на теренот и на кој било начин не влијаеше на играта на Наполи.

Наполи остана на првото место со 25 бодови. Но, сега Наполитанците ги дели само бод од Интер, а в недела на 10 ноември овие клубови ќе играат меѓу себе на „Џузепе Меаца“. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан