• среда, 16 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Италијанскиот претседател Матарела се врати во својата резиденција по хирушката интервенција за вградување пејсмејкер

Италијанскиот претседател Матарела се врати во својата резиденција по хирушката интервенција за вградување пејсмејкер

Рим, 17 април 2025 (МИА) - Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска ја напушти болницата „Санто Спирито“ во Рим откако му беше вграден пејсмејкер.

Тој завчера успешно беше подложен на хируршка интервенција за вградување пејсмејкер, а од Претседателството нагласија дека нема причини за загриженост, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Тој се врати во својата резиденција, во палатата Квиринале, соопшти неговиот кабинет. рп/

Фото: АНСА

 

 

Остани поврзан