• петок, 15 ноември 2024

Италијанската фудбалска федерација излезе со соопштение за Суперлигата

Италијанската фудбалска федерација излезе со соопштение за Суперлигата

Рим, 21 декември 2023 (МИА) - Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) даде изјава за можното лансирање на Суперлигата.

- По одлуката на Судот на правдата на Европската унија во таканаречениот случај Суперлига, Италијанската фудбалска федерација, целосно признавајќи ја нејзината поврзаност со матичните тела на УЕФА и ФИФА, ги потврдува своите активности за заштита на националните првенства со цел обезбедување поширок и поопшт принцип на спортски заслуги и почитување на меѓународните календари.

Поради овие причини, во согласност со националните закони и меѓународните регулативи, ФИГЦ смета дека Суперлигата не е проект компатибилен со овие услови и секогаш ќе работи на сите места во остварување на општите интереси на италијанскиот фудбал, се вели во соопштението објавено на веб-страницата „FIGC“.

Европскиот суд денес ги прогласи за незаконски постапките на ФИФА и УЕФА да го блокираат создавањето на Суперлигата. Подоцна стана познат и форматот на новото европско натпреварување. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан