• петок, 05 декември 2025

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

Истанбул 19 август 2025 (МИА) – Властите во Истанбул планираат постепено претворање на историскиот центар на градот во пешачка зона, со целосна забрана за влез на приватни автомобили, јави весникот „Хуријет дејли њуз“.

Како прв чекор, една од фериботските линии за возила од пристаништето Сиркеџи, во близина на дворецот Топкапи, ќе биде префрлена во Јеникапи, околу 3 километри подалеку од центарот.

Новиот транспортен план предвидува и целосно затворање на просторот околу Сината џамија за автомобилски сообраќај, со што областа ќе стане пешачка зона.

- Настојуваме да го намалиме хаосот во срцето на градот и да создадеме простор за пешачење и рекреација, изјави Пелин Алпкјокин, заменик-генерален секретар на Градот Истанбул.

Според плановите, ограничувањата ќе се прошират и на азискиот дел на градот откако ќе бидат завршени новите метро линии кон Бешикташ и Кабаташ до 2027 година. Дополнително, се предвидуваат нови „автобуски“ ленти, подобрени автобуски врски до туристичките атракции, изградба на тампон-паркинзи и други мерки за растоварување на сообраќајот. ссм/

фото: пиксабеј

Остани поврзан