• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ирвинг успешно опериран

Ирвинг успешно опериран

Далас, 28 март 2025 (МИА) -  Кошаркарот на Далас Маверикс, Кајри Ирвинг успешно го оперира левото колено, објави американскиот клуб.

Ирвинг (33) го скина предниот вкрстен лигамент на левото колено, без да оштети други лигаменти или менискус. Во соопштението се наведува дека кошаркарот на Далас бил опериран во болницата за специјална хирургија во Њујорк.

Ирвинг се повреди на 3 март за време на првата четвртина од натпреварот во НБА против Сакраменто. Оваа сезона во НБА лигата имаше просек од 24,7 поени, 4,8 скока и 4,6 асистенции по натпревар.

Далас е на 11-тото место во западната конференција на НБА со 35 победи и 38 порази. дс

Фото: Архива

Остани поврзан