• вторник, 26 ноември 2024

Иран ќе егзекутира агент на ЦИА, вмешан во убиството на Касем Сулејмани

Иран ќе егзекутира агент на ЦИА, вмешан во убиството на Касем Сулејмани
Техеран, 9 јуни 2020 (МИА) - Ирански граѓанин кој им дал информации на американските и израелските служби за локацијата каде се наоѓа убиениот генерал Касем Сулејмани, наскоро ќе биде егзекутиран наскоро, соопшти денеска претставник на иранските судски органи. Со напад со дрон САД на 3 јануари го убија генералот Сулејмани, командант на специјалните сили „Кудс“ на иранската Револуционерна гарда. Вашингтон го обвинуваше Сулејмани за организирање напади врз американските сили во регионот. Махмуд Мусави-Мајд, еден од шпионите на ЦИА и Мосад, беше осуден на смртна казна. - Тој на нашите непријатели им дал информации за тоа каде се наоѓа маченикот Сулејмани, изјави во телевизиското обраќање судскиот портпарол Голахосеин Есмаили. По убиството на Сулејмани, Иран на 8 јануари одговори со ракетен напад врз американска база во Ирак. Во нападот не беа убиени ниту повредени американски војници, но стотици од нив подоцна беа дијагностицирани со мозочни трауми. јт/  

Остани поврзан