• недела, 27 октомври 2024

Иран соопшти дека двајца војници загинале во израелските напади на воени локации

Иран соопшти дека двајца војници загинале во израелските напади на воени локации

Техеран, 26 октомври 2024 (МИА) – Двајца ирански војници се убиени во израелскиот напад на воени локации низ Иран, соопшти денеска армијата.

Тие беа убиени во акција, јави иранската новинска агенција Тасним, која се смета за гласноговорник на корпусот на Исламската револуционерна гарда во земјата. Агенцијата најави повеќе детали.

Војниците загинаа во долгоочекуваниот одмазднички напад на Израел врз Иран, за време на кој Тел Авив соопшти дека извршил „прецизни напади“ врз воени цели, пренесе ДПА.

Целите вклучуваат капацитети за производство на ракети, ракетни системи земја-воздух и системи за противвоздушна одбрана, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари.

Иранските државни медиуми јавија дека имало експлозии во близина на главниот град Техеран, каде живеат од 15 до 20 милиони луѓе. Рано итрово се слушнале експлозии и во центарот на градот, а бил видлив и противавионски оган.

Нападите на Израел врз ирански цели се сметаат за одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври, во кој лансираше речиси 200 балистички проектили врз еврејската држава.

Според иранската новинска агенција Фарс, воените бази на југ и југозапад од Техеран биле цел на нападите, иако тоа не е официјално потврдено.

Хагари го предупреди Иран да не ескалира дополнително, во спротивно Израел ќе биде „обврзан да одговори“. јт/

Фото: Х

Остани поврзан