• сабота, 07 март 2026

Иран се закани со напади врз Ирачки Курдистан ако курдски борци навлезат во земјата

Иран се закани со напади врз Ирачки Курдистан ако курдски борци навлезат во земјата

Техеран, 6 март 2026 (МИА) – Иран денеска предупреди дека ќе ги нападне „сите објекти“ во автономниот регион Курдистан (Ирак) доколку курдски борци навлезат на територијата на Исламската Република.

„Досега беа нападнати само базите на САД и Израел, како и сепаратистички групи во регионот“, објави иранската новинска агенција Мехр, повикувајќи се на писмо од Високиот совет за национална безбедност на Иран.

Советот предупреди дека доколку терористички групи стационирани во регионот преземат дејства против Иран или се придвижат кон иранските граници, сите објекти на регионалната влада на Курдистан ќе станат цели на напади, пренесе „Мехр“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан