Иран негира вмешаност во нападот на Хутите врз Израел
- Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека „постапките на Јеменците во поддршка на палестинскиот народ се независна одлука што произлегува од нивното чувство на солидарност“.
Техеран, 5 мај 2025 (МИА) – Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека „постапките на Јеменците во поддршка на палестинскиот народ се независна одлука што произлегува од нивното чувство на солидарност“.
Јеменските Хути вчера ја презедоа одговорноста за ракетниот напад на главниот меѓународен аеродром во Израел во близина на Тел Авив.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети одговор на нападот, обвинувајќи го Иран дека е „покровител“ на јеменската вооружена група. јт/
Фото: МИА архива