• вторник, 17 март 2026

Иран нападна италијанска воена база во Кувајт

Иран нападна италијанска воена база во Кувајт

Кувајт, 15 март 2026 (МИА) – Воената база Али ал Салем во Кувајт, каде се стационирани припадници на американската и италијанската армија утрово беше нападната од ирански дрон.

Беспилотното летало погоди магацин и уништи дрон на италијанските воздушни сили.

Министерството за одбрана на Италија соопшти дека во нападот нема повредени војници.

- Нема никаков ризик ниту проблем за нашите војници. Кувајт е иранска воена мета поради присутноста на американски бази. Нема да не заплашат, ќе се придржуваме до преземените меѓународни обврски, изјави шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани. ми/

фото: Гугл мапс

Остани поврзан