• петок, 05 декември 2025

Иран започна воена вежба, прва по 12-дневната војна со Израел

Иран започна воена вежба, прва по 12-дневната војна со Израел

Техеран, 21 август 2025 (МИА) - Иранската морнарица ја започна својата прва воена вежба по 12-дневниот застој со Израел пред два месеци, лансирајќи ракети кон цели во Оманскиот Залив и Индискиот Океан.

Вежбата „Одржлива сила 1404“ вклучува испукување крстосувачки ракети и користење дронови над отворено море. Министерот за одбрана Азиз Насирзаде изјави дека иранските сили се опремени со нови ракети и се подготвени да одговорат на секој потенцијален напад.

Европските потписници на нуклеарниот договор со Иран - Франција, Германија и Велика Британија - предупредија дека доколку Иран не успее да постигне договор со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) до 31 август, сите санкции на ОН ќе бидат повторно воведени.

Аналитичарите велат дека тоа дополнително би ја ослабнало економијата на Иран. мс/

фото: ЕПА архива

Тагови

Остани поврзан