• вторник, 24 декември 2024

Иран го ослободи капетанот на јужнокорејскиот танкер запленет во јануари, бродот ја продолжи пловидбата

Иран го ослободи капетанот на јужнокорејскиот танкер запленет во јануари, бродот ја продолжи пловидбата
Техеран, 9 април 2021 (МИА) - Министрството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека Иран го ослободи капетанот на јужнокорејскиот танкер запленет во јануари и оти бродот ја продолжил пловидбата. Бродот беше запленет во момент кога Техеран вршеше притисок врз Сеул поради замрзнување на повеќе милијарди долари по воведувањето на американските санкции. Иранската морнарица на 4 јануари го заплени танкерот што пловеше под знаме на Јужна Кореја со образложение дека е ризик за животната средина. Тоа доведе до тензии на Блиски Исток помеѓу Техеран и Западот. Иран тогаш објави дека почнал да збогатува ураниум до 20 отсто. ми/

Остани поврзан