Иранска ТВ: Жени и деца меѓу 50-те повредени во израелските напади врз Иран
- „По израелскиот напад, околу 50 повредени лица беа префрлени во болницата Чамран (во Техеран), од кои најмалку 35 се жени и деца“, соопшти радиодифузерот.
Техеран, 13 јуни 2025 (МИА) - Во израелските напади врз Иран изврпени утрово, повредени се најмалку 50 луѓе, вклучувајќи жени и деца, јави Иранската телевизија.
„По израелскиот напад, околу 50 повредени лица беа префрлени во болницата Чамран (во Техеран), од кои најмалку 35 се жени и деца“, соопшти радиодифузерот. Засега нема извештаи за убиени цивили во нападите. зш/